Американскиот весник Њујорк Тајмс објавува дека Томас Метју Крукс е идентификуван како осомничениот кој пукаше во Доналд Трамп на неговиот изборен митинг во Пенсилванија.
Крукс е 20-годишен жител на градот Бетел парк, Пенсилванија, кој се наоѓа на околу 40 милји (64 километри) јужно од градот Батлер каде вчера беше пукано во Трамп.
Според објавите на местото од каде што е пукано а каде е убиен Крукс е пронајдена автоматска пушка АР-15.
Крукс наводно бил застрелан во главата откако се обидел да го убие поранешниот претседател Трамп.
Засега нема детали за убиениот напаѓач на Трамп.






