Според добро информирани дипломатски извори руските воени власти веќе испратиле барање до Србија да и овозможат локација во близина на границата со Косово или Македонија каде што би била изградена писта за нивните дронови а за возврат Белград ќе добие целосен пристап до податоците од високо – софистицираните беспилотни летала кои што ги користи Русија.
Една од варијатната за руската писта за дронови е аеродромот во Ниш каде што сега е стационирана руската база за помош при вонредни ситуации.
Покрај одделеченоста од границата со Македонија пречка за изградна на писта на оваа локација е и големата контрола на западните сили на аеродромот за каде постојат сомневања дека покрај метеоролошки набљудувања се вршат и други активности.



