Ивона Талевска преминува во Алфа ТВ

По точно 25 години, познатата новинарка, водителка и уредничка Ивона Талевска, ја напушти телевизија Сител.



„Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со европски капитал, со истиот ентузијазам и со истата љубов која ја имам кон својата публика“, напиша Талевска на Фејсбук.

Според најавите, во ТВ Алфа Ивона Талевска ќе биде уредник-водител на емисија за економија.