„Непристојни предлози бараат пристоен одговор.
Ајде сите да одиме во МВР и на нашето презиме да го додадеме презимето Македонска/ски, повика професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Иванка Василевска.
Нејзиниот Фејсбук статус предизвика позитивни реакции а голем е бројот на оние кои го споделуваат , пишува порталот „Маркукуле“.
„Ајде да видиме како функционира ефектот на пеперутката и како ќе не преименат кога ние сите заедно како индивидуи ќе си го ставиме името и ќе си го браниме идентитетот.
Ве повикувам сите да одвоите од своето време и да го спасите своето достоинство”, напиша професорката Василевска.




