„Зеќирија Ибрахими, лидерот на Алтернатива, членка на коалицијата Вреди, реагираше на пријавените закани од страна на ДУИ. Тој рече дека овие закани се измислени, за да се прикрие немањето опозициска агенда и да се избега од одговорноста.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.
Алфакс“ ја пренесува објавата на Зеќирија Ибрахими на општествената мрежа фејсбук: „Заканувањето е порок и обичај на кукавиците.“
„Виктимизацијата, прикажувањето на себеси како жртви е порок и обичај на страшливците.“
„Кривични дела се и заканувањето и виктимизацијата – првото законски, а второто морално.“
„Прикажувањето на себеси како жртви со фабрикувани закани и бегањето од одговорност не се најдобар начин да се прикрие немањето опозициска агенда.“





