Ибрахими се сложува со Мицкоски дека ДУИ сака да ја дестабилизира државата

Претседателот на Алтернатива, Зекирија Ибрахими рече дека се согласува со најавите на премиерот и министерот за внатрешни работи дека ДУИ може да ја дестабилизира државата.



Тој одговори потврдно на прашањето „Дали се согласувате со Премиерот и Министерот за внатрешни работи што ја обвинуваат ДУИ за обид за дестабилизација“ во синоќешното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21

Во бразложението Ибрахими рече дека тие (ДУИ) имаат проблем со тоа да седат во опозиција.

„Другата работа е што и тие самите имаа дадено јавни изјави дека може да има дестабилизација на државата доколку тие не се на власт“, рече претседателт на Алтернатива.