Ибрахими: Активистите, гласачите и високите експоненти на АА да не го следат патот, по кој тргна Таравари, бидејќи води кон Ахмети и ДУИ!

„Активистите, гласачите и експонентите на Алијансата за Албанците да не го следат патот, по кој тргна лидерот на АА Арбен Таравари, бидејќи тој пат води кон Али Ахмети и ДУИ!“ – со овој повик се огласи денес Зеќирија Ибрахими, лидерот на Алтернатива, од Вреди. Неговата изјава ја објави информативниот портал на албански јазик „Ора 24.тв“



Порталот ја цитира изјавата, која ја даде Ибрахими во овој контекст: Повеќе нам ни е жал за активистите на АА, отколку што му е на Арбен Таравари. Денес неправедно Арбен Таравари, како лидер на АА, за кого дале глас, ги стави своите гласачи во позиција да им служат на Али Ахмети и на ДУИ.  Затоа, јас ги повикувам  сите гласачи, активисти и високи експоненти на АА да не го следат патот, по кој тргна Арбен Таравари, бидејќи тој пат завршува со Али Ахмети, бидејќи води кон него! На тие гласачи, активисти и високи експоненти на АА им е местото во Вреди, во Вреди сите тие инвестираа и тие треба да се радуваат на нашите заеднички резултати!“