„Арбен Таравари, претседателскиот кандидат на здружената албанска опозиција „Вреди“ претстави денес дел од своите соработници за претседателскиот кабинет.“ – објави ТВ Алсат.
ТВ Алсат пишува: „Епицентарот на нашата кампања е во единството и промените. Нашиот слоган ‘Промената вреди’ е резултат на силната волја на Албанците, која со целосна посветеност и непоколебливост цели кон сеопфатност и надпартиска соработка. Моето претседателствување ќе се раководи од европските вредности. Претседателскиот кабинет ќе биде раководен од експерти, а некои од нив се веќе присутни тука. Тоа се Калтрина Зеколи-Шаќири, доцент во областа на граѓанското право, Танер Хаса, доктор по медицински науки; Бари Абдули, магистер по право, како и Земри Елези, професор на Штуловиот универзитет во Тетово.’ – изјави Арбен Таравари, кандидат за претседател од ‘Вреди’.“
Инаку, д-р Земри Елези е професор по политички науки во Штуловиот универзитет во Тетово и бил генерален секретар на Партијата за демократски просперитет во 2007 година. Бари Елези е одговорен за канцеларијата за печалбари во општина Гостивар.





