„Овој ден означува почеток на реформа и на промена во партијата“ изјави поранешниот министерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче кој денеска поднесe кандидатура за лидер на СДСМ.
„Во програмата се напишани постулатите според кои, доколку бидам избран за претседател, ќе работам а тоа е посветено, професионално, со целата моја енергија и знаење.
Програмата се темели на информации, сугести и барања кои што ги слушнав од големиот број на наши членови со кои имав чести средби во изминатите месеци“, рече Филипче.
Прашан за поддршката од членството, но и од поранешниот партиски лидер Зоран Заев, со кого се во добри односи, Филипче рече дека токму одличните релации кои ги има со Заев, но и со други поранешни претседатели на партијата и партиски функционери, ќе бидат еден од главните предуслови за брзо обединување во СДСМ.






