Врховниот суд на Израел денеска пресуди дека владата мора да регрутира и ултра-ортодоксни Евреи во армијата.



Овој декрет најверојатно ќе предизвика раздор во владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху, пишува „Њујорк Тајмс“.

Владејачката коалиција се потпира на поддршката на две ултра-ортоидоксни партии, кои сметаат дека долгорочното ослободување од воен рок за нејзините членови е клучно.

Тоа им овозможува да останат во верските институции и да не ги прекршуваат нивните верски обичаи.

Ова стана горлив проблем по почетокот на офанзивата во Газа и конфликтот на северната граница со Либан.

„Во екот на тешка војна, товарот на нееднаквоста е поголем од кога било“, едногласно пресуди судот.

Повеќето израелски мажи и жени мора да служат војска, но тоа не важи за ортодоксните верски заедници.

Од основањето на Израел во 1948 година, на Евреите кои ја проучуваат Тора им се дава годишно одложување од воената служба до 26-годишна возраст, кога тие целосно се ослободуваат од оваа должност.

Ова ѝ овозможило на тогашната група од 400 млади луѓе да ги проучлуваат светите текстови и да ги задржат еврејските традиции, од кои повеќето биле изгубени во холокаустот.

Но, денес, ултраортодоксната заедница се состои од 1,3 милиони луѓе, зајакнати со фактот дека нивните сопруги раѓаат во просек по шест деца, во споредба со националниот просек од 2,5.

Само минатата година 66.000 припадници на таа заедница биле ослободени од воена служба.