И Украина нанижана, пет од пет за македонските кошаркарски надежи на ЕП (Б) во Скопје

Македонија славеше убедлива победа и над Украина од 83:72, по четвртини 23:16, 26:11, 10:24 и 24:21, и со максимални пет победи ги потврди првото место во групата Ц и четвртфиналето на Европското првенство од дивизијата Б во Скопје.



За место во полуфиналето избраниците на селекторот Горан Андреевски ќе се борат в петок од 21 часот против Португалија, која заврши втора во групата Д со две победи и два пораза.

Најефикасен во македонскиот состав беше Никола Јаничиќ со 21 поен, пред Коста Кириловски со 20 поени (7/9 за два поена), а Марко Луканоски запиша дабл-дабл од 12 поени и 12 скока.