Управниот суд ќе одлучи кој е претседател на Алијанса за Албанците, актуелниот Арбен Таравари или вчера избраниот старо-нов претседател Зијадин Села.



На двата партиски конгреси, во петокот и вчера, тие се сменија еден со друг, а и двајцата тврдат дека се легитимни претседататели на партијата.

Делегатите вчера со 591 глас го избраа Зијадин Села повторно да ја води партијата.

Арбен Таравари вели дека изборот на Села е нелегитимен откако во петокот со гласови на 421 го разреши Зијадин Села од функцијата претседател на Централното претседателство.

Двете крила на Алијанса на Албанците, тврдат дека двата партиски печати се кај двајцата претседатели.

Се очекува да се поведе судска постапка пред Управниот суд за тоа кој ќе располага со нив односно и кој ќе биде легитимен претседател на партијата.