И популарниот симит имал бугарски „происход“

Simit pogaca

Единственото место каде што се чува тајната на вкусниот симит од квасец е регионалниот етнографски музеј на отворено „Етер“во Бугарија, јавува репортерот на БГНЕС.



Татјана Петкова, мајсторот на овој призвод, кој некогаш бил многу вообичаен вели дека се подготвувал специјално за панаѓури и празници.

Само овде се прави и се меша со квасец“, изјави таа за БГНЕС.

Мајсторката Петкова објасни дека целиот процес трае 24 часа, од фаќањето на квасецот до подготовката на готовиот производ: „Одзема многу време“.

„Нашите предци користеле три вида маја затоа што во тоа време немало вештачки надувувачи кои моментално ги користиме во секојдневниот живот. Покрај наутот, тоа беа квас и хмељ. Но, за симитот а е карактеристично што се прави и од најдоброто бело брашно“, рече мајстор Петкова.

„Симитот е популарен не само кај нас, се испоставува дека и во соседна * Македонија се прави од наут.

Не така одамна се одржа конференција на балканисти на која претставникот на Република Македонија сподели дека и тие прават симит од наут, но во поинаков облик“, вели таа.