И Москва и Киев му нудат „бизнис-договор“ на Трамп

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа изјави дека Русија има работи што ги сака САД, како што се ретките метали.



Тој повтори дека Вашингтон се обидува да направи „некои договори за економски развој“ со Москва.

Администрацијата на Трамп, исто така, се обидува да постигне договор за минерали со Украина, при што открива дека преговорите се во завршна фаза.

Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за меѓународна економска и инвестициска соработка Кирил Дмитриев изјави дека Русија е „отворена“ за економска соработка со САД.

„Русија е отворена за американско-руска економска соработка и верува дека таквата соработка е клучна за поотпорна глобална економија“, рече Дмитриев во изјавата како одговор на очекувањата на американскиот претседател Доналд Трамп за „големи договори за економски развој“ меѓу двете земји.

Генералниот директор на рускиот фонд за директни инвестиции вчера беше назначен за специјален пратеник на Путин, откако беше дел од преговарачкиот тим на Москва во преговорите за Украина со САД.

Трамп сака ретки метали од Украина – Зеленски спремен за трампа