Откако вчера беше официјализирана коалицијата на ДУИ-ДПА, Мендух Тачи рече дека изборната битка не е меѓу Европскиот фронт и опозицијата, туку меѓу патот кон ЕУ и спречувањето на руското влијание.



„Лидерите на еден народ, особено оние кои имаат искуство, треба оддалеку да ја забележат опасноста и да го предупредат својот народ, да не ја избегнуваат таа опасност, туку да се подготват да се соочат со таа опасност. Опасноста што им се заканува на Македонија и на Балканот е руската агресија во Украина и врз цивилизираниот свет…“, раче Тачи.

Во коалиција влезе и Европската демократска партија на Аријанит Хоџа, а по потпишувањето на договорот, Ахмети ги повика и партиите на Турците и Ромите да им се приклучат, за, како што рече, да се постигне заедничката цел, интеграција на земјата во Европската унија.