Даночниците низ Шпанија не мируваат и упорно ги чешлаат книгите и финансиите на оние што добро заработуваат, а меѓу нив некако најприсутни се фудбалерите. Последниот повикан на разговор беше левиот бек на Реал Мадрид Марсело кој веднаш признал дека не плаќал давачки кон државата за имиџ правата во 2013 година, за што шпанскиот суд веднаш му изрече глоба во висина од 490 илјади и 917 евра. Кај Бразилецот нема опасност од затвори, тој само ќе мора итно да се раздолжи.