Курто Дудуш, поранешен пратеник и актуелен градоначалник на општина Шуто Оризари вчера се сретнал со претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.



Според информациите на Клан Македонија, тие се договориле Дудуш да се приклучи кон Европскиот фронт.

Досега партијата Народно движење предводена од Скендер Реџепи Зејди потпиша коалициски договор со ДУИ и Али Ахмети, а денес на Европскиот фронт официјално се очекува да му се приклучат и ДПА на Мендух Тачи и Европската демократска партија, предводена од Аријанит Хоџа.