И Канбера во боите на македонско знаме (ГАЛЕРИЈА)

Главниот град на Австралија, изминатата ноќ беше обоена во боите на македонското знаме, во знак на почит за трагедијата во која во пожарот во дискотека во Кочани згаснаа 59 животи.



Претходно, почит за жртвите одадоа и градовите Перт, Бризбејн и Мелбурн каде има многубројна македонска заедница.