„Северномакедонската влада предводена од премиерот Талат Џафери продолжува да ги продлабочува односите со Европската Унија“, пишува на официјалната интернет страница на Европскиот парламент.
На оваа употреба на придавката „северномакедонската“, спротивно на Преспанскиот договор, засега никој од македонските дипломатски претставници во Брисел не реагираше.
Во истиот напис се вели дека како дел од Договорот од Преспа од јуни 2018 година, земјата го промени своето име во Република Северна Македонија, во замена Грција да го прекине ветото за нејзиниот пристап во ЕУ и НАТО.
„Во НАТО влеговме, но за пристапот во ЕУ добивме нова замена – вето од Бугарија. Тоа го нема во оваа информација на официјалната страница на Европскиот парламент“, објави МКД.МК.






