Анкета на Стопанската комора на Македонија, спроведена лани, а со која биле опфатени 138 приватни компании, покажа дека секоја втора фирма била принудена да плати мито во висина од 1.000 до дури 10.000 евра за коруптивни барања, најмногу од централната власт
Мито било барано од приватните компании за одредени дозволи, инспекциски надзори, царини, а кај јавните набавки им биле барани од 6 до 10 проценти од вредноста на тендерот, пренесе Плусинфо.
Резултатите од анкетата, кои покажаа дека 53 % се изјасниле дека се соочиле со коруптивни барања, беа соопштени на вчерашната обука „Бизнис интегритет“, која се одржа во Прилеп со компаниите од градот и регионот, организирана од Стопанската комора.






