Иако важи за либерална и аполитична и грчката ЛГБТ заедница на социјалните мрежи влезе во битката за користење на кратенката ФИРОМ за Македонија.
Последна причина за вакви реакции е мапата издадена со помош на Советот на Европа на која се обележани земјите каде што проблеми имаат трансродовите луѓе односно луѓето кои што се родени како мажи а се чувствуваат како жени и обратно.
Во дел од коментарите на грчките ЛГБТ активисти се вели дека истата цел за помош на трансродовоите ќе се постигне и ако на мапата пишува ФИРОМ а не навредливото Македонија за нивниот северен сосед.
Очигледно и битката за човекови права има граници.





