Професорката Билјана Ванковска, синоќа соопшти дека успеала да ги собере неопходните 10.000 потписи со што и официцијално ќе стане кандидат на „Левица“ во трката за претседател на Државата.
Ванковска рече дека собирањето потписи ќе продолжи до 8 март и однапред им се заблагодари и на оние кои најавија дека и во наредните денови ќе сакаат да ја поддржат со свој потпис.
И градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски за Канал 5 синоќа објави дека собрал над 10.300 потписи, со што го исполнил цензусот за неговата кандидатура за претседател на Македонија.
Ванковска и Јакимовски ќе им се придружат на Димитриевски, Таравари и Османи кои веќе обезбедија влез во претседателската трка со собирање потписи.
Кандидатурата за кандидат за претседател за професорката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се очекува да биде потврдена на Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ иако таа најаѝви дека сепак ќе ги собира поотребните 10.000 потписи.
Ајктуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, вчера официјално соопшти дека влегува во трка за уште еден претседателски мандат, а поддршка за тоа има од СДСМ.






