Кој се ќе влезе во трката за Универзален снабдувач на електрична енергија што треба да го преземе бизнисот со струја од јуни годинава?
И покрај најавите од Владата во процесот дека изборот ќе биде направен во краток временски рок, сепак и граѓаните, но и компаниите кои се пријавија на повикот се уште се во неизвесност.
Бњктеши најавува дека до крајот на идната недела би требало да има конкретен извештај и да се знае кои компании ги исполнуваат првичните услови за универзален снабдувач
-Во однос на универзалниот снабдувач има комисија која работи во делот на евалуација на понудите и треба да достави извештај до владата кој не е доставен до овој момент кога зборуваме во однос на тоа кои компании ги исполнуваат првичните услови за да одат на аукција, имајќи предвид дека главен критериум е маржата што ќе се понуди кон државата. Ја чекаме евалуацијата, извештајот конечен од страна на Комисијата. Со Комисијата и согласно Законот за енергетика и во делот на транспарентноста која ја објавивме, од 2019 година претседава член од МАНУ со цел да биде целосно транспарентна и верувам дека до крајот на наредната недела би требало да имаме конкретен извештај бидејќи и кратки се роковите и ќе ја известиме јавноста и за конкретната понуда и на начинот како ќе продолжи понатаму, истакна Бектеши.
Јавниот повик за избор на универзален снабдувач на домаќинствата и малите потрошувачи беше затворен на 12 јануари. На него се пријавија досегашниот универзален снабдувач, ЕВН, државната компанија ЕСМ продажба и ЕДС АД Скопје.






