Секогаш кога војвотката од Кембриџ се појавува некаде, луѓето коментираат како е совршена – од прецизно испланирана комбинација, преку кадрици кои изгледа нереално добро, до умерена шминка која е секогаш истa и секогаш совршенa. Но изненадува тоа што Кејт Мидлтон никогаш нема да ја видите со лак за нокти.
Всушност, таа единственото била сликана со лак за нокти на нејзината свадба, а потоа има само, светло-сина сенка што не може да се види. Иако лесно може да се заклучи дека Кејт можеби е само една од оние жени кои не сакаат да ги лакираат своите нокти сепак во позадина се строгите правила на кралското семејство.

Блузите со длабоко деколте и кратки здолништа не се единствените делови кои се забранети за членовите на британското кралско семејство. Јаките бои на ноктите, исто така, се сметаат за несоодветни и недолични.
Кејт има месечен буџет од 37.728 фунти само за разубавување. Половина од овие пари ги троши на косата и останатите третмани на лицето, шминка и маникир што подразбира (турпијање на ноктите,третман за рацете, но не и лакирање).




