Зошто Ердоган се сретна со Мурат од Движењето на Турците од Македонија за правда и демократија токму на прагот на изборите?

„Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаше средба со кандидатот за пратеник и поранешен претседател на Уставниот суд Салих Мурат од Алијансата Европски фронт.“ – објави турскиот информативен портал „ТајмБалкан“. Речиси иста вест објавија и низа други медиуми од Турција. Но засега ниеден од тие медиуми не наведува поконкретни детали за причините на оваа средба на Ердоган со Салих Мурат токму на прагот на парламентарните и претседателски избори во Македонија, ниту што имал изјавено турскиот претседател. На официјалната претседателска страница на интернет на Реџеп Таип Ердоган нема никаква, ниту куса протоколарна вест за оваа средба. Салих Мурат е официјален претставник на Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, уште една партија на Турците, која им се приклучи на ДУИ и „Европскиот фронт“ на 29 март 2024 година.



Тајм Балкан“ пишува: „Кандидатот за пратеник на Алијансата Европски фронт во 6 изборна единица и поранешен претседател на Уставниот суд Салих Мурат во својата објава на општествената мрежа x (твитер) напиша по средбата: ‘Имав средба со претседателот на Република Турција мојот стар пријател Реџеп Тајип Ердоган во палатата Долмабахче во Истанбул. Би сакал да изразам благодарност за љубезниот прием.“

Инаку, Салих Мурат е официјален претставник на Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, уште една партија на Турците, која им се приклучи на ДУИ и „Европскиот фронт“. На 29 март 2024 година ТВ 21 имаше објавено: „Лидерот на ДУИ Али Ахмети, како иницијатор на Европскиот фронт, потпиша коалициски договор со претставниците на оваа партија Салих Мурат и Сулејман Баки. Според договорот, Баки ќе биде носител на листата во изборната единица 3 во заедничките листи на Европскиот фронт. Салих Мурат рече дека нивната партија се приклучува на Фронтот со цел да се сменат состојбите во секоја сфера на општеството, особено состојбата на турската заедница во земјата, исполнувајќи ги нормите за човекови права предвидени во Уставот.

„Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, заедно со пријателите на нашата кауза, одлучи да биде активен дел на политичката сцена во земјава. На политичката сцена доаѓаме, за да ја смениме состојбата во секоја област на нашето општество, особено на нашите сонародници-Турци. Ние доаѓаме на политичката сцена, за да ги исполниме правата и слободите одредени со Уставот на * Македонија и меѓународните норми.“ – изјави Салих Мурат.