Зошто грчките служби го малтретирале Спасен Силјановски на Илинден (ВИДЕО)

Видео објавено од ,,Патриотско Друштво” дава објаснување зошто грчките безбедносни служби на прославата во Леринското село Овчарани (Мелити на грчки) на Илинден го малтретирале пејачот Спасен Силјановски.



Претходно, сведоци веднаш по прославата за expres.mk тврдеа дека на 19 Јули кога во Егејска Македонија се славел Илинден годинава, припадници на грчките служби за безбедност имале грд разговор со Спасен Силјановски кој бил гостин на македонската прослава во Овчарани.

Популарниот Спасен не бил уапсен ниту приведен но бил распрашуван во кое својство е дојден и зошто пеел патриотски песни на прославата.

Видеото на ,,Патриотско Друштво” покажува дека Спасен најверојатно бил под притисок од грчките служби за песните и пораките кои ги упатил за време на прославата.

Десетици македонски јавни личности, пејачи, новинати, активисти имаат забрана за влез во Грција по учество на народните собири на Македонците во Егејска Македонија.

Популарниот пејач досега не се пожалил јавно дека бил под притисок на грчките служби за безбедност.

Што точно кажува Силјановски на Илинден во Овчарани може јасно да се чуе во видеото.

Најчитани статии

Спречена потенцијална хаварија, фатен со две канти бензин близу Охридскиот аеродром

Дејан Давидовски по седум години бегство се предаде на полицијата