Јапонскиот оперски пејач и вљубеник во Македонија, Казухиро Котецу, поставува легитимно прашање за бардот на македонската патриотска песна чиј голем обожавател е.
„Зошто во Македонија нема спомен-обележје на Јонче Христовски“, прашува на Твитер претседателот на Токиската опера, кој минатата есен ја одушеви публиката на Меѓународниот фестивал на камерна музика „Интерфест“ во Битола со сопствената интерпретација на безвременската „Ако умрам ил’ загинам“ на Христовски.






