Појадок, велат е најважниот оброк во денот, но често во брзање сите јадеме банана за појадок и сметаме дека тоа е совршено овошје за тој дел од денот.
Нутриционистите, пак, велат дека иако бананите делуваат како идеална опција за брз појадок, ако ви се јаде, подобро е бананите да се избегнуваат бидејќи содржат 25 отсто шеќер и спаѓаат во умерено кисела храна.

Најдобар начин да го започнете денот е појадок со кој ќе ги согорите мастите доволно и ќе ве држи сити до следниот оброк. И покрај тоа што бананата ќе ви даде енергија наскоро ќе започнете да чувствувате замор и глад. Тие се повеќе закуска отколку интегрален оброк, и затоа тие не се доволни за почеток на денот.
Ова чувство на замор и глад по јадење банана за појадок, може да се спречи со комбинирање на бананата со здрави масти како авокадо. Факт е дека бананите спаѓаат во групата на кисела храна, а киселината мора да се неутрализира со цел да се добијат добри бенефиции од бананата како што се калиум, магнезиум, а не шеќер што предизвикува само краток интервал на енергија.





