Искуството во Светска банка и раководењето на Министерството за финансии се причината што ВМРО-ДПМНЕ одлучило да го предложи поранешниот вицепремиер за економски прашања и кум на екс премиерот Никола Груевски, Зоран Ставрески за следен гувернер на Народна Банка, дознава ТВ21 од свои извори.
Ставрески на таа позиција би дошол како независен експерт, бидејќи не станува збор за член на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој беше една од главните „ѕвезди“ од прислушкуваните телефонски разговори, популарно познати како „бомби“, кои што ги објавуваше поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.





