Итната медицинска помош го евидентираше првиот случај на каснување од змија во Скопје.



Маж на околу 50-тина години кој престојувал во Идризово, по каснувањето бил пренесен на лекување до Инфективната клиника во Скопје.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) изминатите денови информираа за пријави за змии во повеќе населени места и препорачуваат внимателно движење особено во природа. Нагласуваат дека нема специјализирана служба за заловување и безбедно отстранување на змии.