ЗК Пелагонија: Оформен е предмет по пријава но судот никогаш не покренал никаква постапка за стечај

Од „ЗК Пелагонија” информираат дека информацијата дека „ЗК Пелагонија влегува во стечај, е неточна и тенденциозна и ја демантираат – Судот никогаш не покренал никаква постапка за стечај против акционерското друштво туку бил оформен предмет по добиена пријава, дотолку повеќе што ЗК Пелагонија ја има сервисирано својата обврска кон добавувачот кој го споменувате, а со тоа, нема ниту можност да се поведе стечајна постапка по барање на компанијата „Бетон. 



Комбинатот нема земено ниту едно евро кредит, а со тоа, тврдењето дека „ЗК Пелагонија АД е неликвидно е неточно. За тоа говори и фактот што комбинатот продолжува со своето редовно работење и финализирање на есенската сеидба. Во моментов се посеани 6500 ха есенски култури, што во услови на незапаметена суша во последните  години е голем успех за сите вработени и за комбинатот, кој и покрај ниските приноси и финансиски приходи од пролетните култури, успешно ќе ја заврши сеидбата на пченица.

Сакаме да информираме дека последниве три години се соочуваме со голема суша, намалени приноси како резултат на климатските промени и екстремно ниски цени на земјоделските производи што не доведоа во ситуација да се соочиме со намалена ликвидност. Очекуваме дека во наредниот период ќе се зголеми свеста во Македонија за важноста на нашата дејност, производството на храна и дека и државата и банките ќе имаат посериозен пристап за помош и развој на оваа важна стопанска гранка“, се вели во соопштението на ЗК Пелагонија.