Компанијата British Steel објави дека ќе ги затвори своите две високи печки во Сканторп, со што ќе заврши целото производство на челик во Велика Британија по повеќе од 150 години.
Земјата што ја започна индустриската револуција повеќе нема да произведува челик, за бележува Vishegrad 24.
Предходно Синдикатот ја повика владата да го национализира британскиот челик доколку не може да се постигне договор со кинеските сопственици за заштита на илјадници работни места.
Бритиш Стил започна консултации за предложеното затворање на своите две високи печки во Сканторп, ставајќи во опасност до 2.700 работни места, велејќи дека тие „повеќе не се финансиски одржливи“.
Индустриското тело UK Steel предупреди дека завршувањето на производството во Сканторп ќе значи дека Велика Британија ќе ги загуби виталните способности за производство на челик, откако секретарот за економија Џонатан Рејнолдс во понеделникот упати понуда до сопствениците Џингје, за која се смета дека вреди 500 милиони фунти.
„Ако не може да се постигне договор со Џингје, тогаш владата мора да се придвижи кон национализирање на бизнисот“.
Пораката уследува по колапсот на разговорите меѓу Џингје и владата за пакетот за поддршка на компанијата, која има мака да обезбеди одржлива иднина со процесот на декарбонизација.
Аласдаир МекДиармид, помошник генерален секретар на Заедницата за бизнис смета дека: „Бритиш челик е бизнис од огромно стратешко значење, не само за локалната економија и поширокиот сектор за челик, туку и за целата земја. Сега постои сериозен ризик Велика Британија да стане единствената земја од Г7 која не може да произведува сопствен чист челик“.
„Ова би била тотално неприфатлива ситуација во секое време, а камоли во сегашната ера на глобална несигурност и нестабилност, смета британската деловна заедница.






