Украина има мали шанси да преживее руски напад без американска поддршка, изјави претседателот Володимир Зеленски во интервју за Ен-Би-Си.
„Веројатно ќе биде многу, многу, многу тешко. И, се разбира, во сите тешки ситуации имате можност. Но, ние ќе имаме мала шанса – мала шанса да преживееме без поддршката на САД“, рече Зеленски во интервјуто.
Неговите коментари доаѓаат по телефонските разговори на американскиот претседател Доналд Трамп со Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на неделата.
Инаку, вчера американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја шокираше конференцијата во Минхен со изјавата дека „време е да се преиспита американската поддршка за Украина“ .
Тој ја повика Европа да преземе поголема одговорност, посочувајќи дека вистинскиот проблем на ЕУ не е Русија, туку внатрешните проблеми и неможноста да се дефинира заедничка безбедносна стратегија без САД.
Неговиот говор предизвика остри реакции кај европските и украинските претставници, додека во Русија предизвика ентузијазам.
Вчера се одржа средба меѓу Џеј-Ди Венс и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Доналд Трамп претходно најави итен почеток на мировните преговори за ставање крај на војната во Украина по „продуктивниот разговор“ со Владимир Путин.






