Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да ` понуди на Русија директна размена на земјиште за да се стави крај на тригодишната војна.
Ова може да стане realnost доколку американскиот претседател Доналд Трамп успее да ги доведе двете завојувани страни на преговарачка маса, објави Политико.
@Ќе размениме една територија за друга“, откриl Володимир Зеленски во интервју за „Гардијан“.
Тој не пропушти да прецизира дека Киев ќе отстапи дел од регионот Курск, кој го држи ненадејната инвазија на Русија во август минатата година.
Кои области окупирани од Русија ќе ги бара Украина за возврат, украинскиот лидер одби да открие детали.
„Не знам, ќе видиме. Но, сите наши територии се важни, нема приоритет“, дипломатски коментираше Володимир Зеленски.
Минатата година руските сили окупираа уште 3.600 квадратни километри од територијата на Украина и сега контролираат околу 20% од земјата.
Наспроти тоа, трупите на Киев држат околу 500 квадратни километри од руската Курска област….





