Русија започна „нехуман“ напад врз енергетската инфраструктура на Украина на Божик, при што беа пријавени експлозии низ целата земја, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Од минатата година, Украина се префрли на календарот на западните земји, според кој Рождеството Христово, Божик, се слави на 25 декември.
Ова е тринаесетти пат оваа година Русија да изврши голем напад врз украинската енергија, оставајќи ја земјата во несигурна позиција додека војната влегува во трета зима, јавува Си-Ен-Ен.
Секој руски масовен напад не е спонтана одлука. Секој руски масовен удар бара време за подготовка. Тоа не е спонтана одлука, туку свесен избор не само на целите, туку и на времето и датумот, вели Зеленски.
Според него, рускиот претседател Владимир Путин сосема свесно го избрал Божиќ за свој напад.
„Што може да биде понехумано? Повеќе од 70 проектили, вклучително и балистички, и над стотици беспилотни летала. Целта – нашиот енергетски сектор“, рече Зеленски.





