Кандидатот за американски петседател, Доналд Трамп вчера изјави дека „веројатно“ ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој следната недела ќе престојува во САД за да зборува на состанокот на Советот за безбедност на ОН за војната на Русија во неговата земја, пренесува Ројтерс.



„Веројатно, да“, кратко рече Трамп на прашањето на новинарот дали ќе се сретне со украинскиот лидер.

Во последниве месеци, и некои други светски лидери кои ги посетија САД, покрај средбите со претседателот Џо Бајден се сретнаа и со Доналд Трамп.

Трамп постојано ја опишуваше американската помош за Украина како губење пари.