Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на неговата земја ѝ е потребна помош од нејзините сојузници за да ги одврати заканите од воздухот, исто како што тоа го направија за Израел по иранскиот напа, пренесе Ројтерс.
Зеленски повторно го повика Конгресот на САД да го одобри виталниот пакет помош што со месеци е блокиран од политичките расправии.
Преку социјалната мреже “ Х“, Зеленски рече:
„Акциите на Иран го загрозуваат целиот регион и светот, исто како што акциите на Русија се закануваат со поголем конфликт, а очигледната соработка меѓу двата режима во ширењето терор мора да се соочи со решителен и обединет одговор од светот.”
Во дополнително обраќање до јавност, претседателот рече дека светот видел дека „Израел не беше сам во својата одбрана – заканите на небото беа уништени и од неговите сојузници.
…И кога Украина вели дека сојузниците не можат да замижуваат пред руските ракети и беспилотни летала, тоа значи дека е неопходно да се дејствува и да се дејствува силно“, рече тој.
Како што рече Украина „нема повеќе време за губење“.






