Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа допатува во Тирана, на самитот Украина-Југоисточна Европа, кој се одржува по вторпат.



На Платформата „Х“ го нарече албанскиот премиер Еди Рама „бескомпромисен пријател на Украина“.

Во објавата пред средбата со Рама тој наведува дека ќе разговараат за одбранбената и политичката соработка, поддршката на Формулата за мир и безбедносните договори и додава дека „Албанија е една од земјите што ја потпишаа Декларацијата на Г7 од Вилнус, што ние многу го цениме“, пренесе МИА.

„Денеска работам во Тирана. Ќе се сретнам со цврстиот пријател на Украина, албанскиот премиер Еди Рама, и ќе учествувам на самитот Украина-Југоисточна Европа.

Ќе предложам поддршка на напорите на Украина за постигнување праведен и траен мир, како и организирање на Глобалниот самит за мир во Швајцарија.

Ќе имам билатерални разговори и со учесниците на самитот“, пишува Зеленски. Посочува дека Албанија е една од земјите што ја потпишаа Декларацијата на Г7 од Вилнус, што неговата земја високо ја цени.

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани најавил отворање во Киев на албанска амбасада во текот на годинава, пренесе МИА.