Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со европските лидери на важен самит во Лондон, по жестоката расправија со актуелниот американски претседател Доналд Трамп во Овалната соба, која ги шокираше западните сојузници и ја фрли иднината на војната во Украина во голема неизвесност.
Зеленски рече дека и кралот Чарлс ја прифатил поканата да се сретне со него во недела.
Зеленски пристигна во Велика Британија вчера пред разговорите за кои Западот верува дека може да го врати моментумот на прифатлив мировен договор.
Тој срдечно беше пречекан одбританскиот премиер Кир Страмер пред резиденцијата на Даунинг стрит.
Се чини дека Кир Стармер „намерно“ излегол на улица за да го поздрави украинскиот претседател, дури и велејќи му дека има „целосна поддршка од Обединетото Кралство“ и дека „стои на страната на Украина онолку долго колку што е потребно“, според Скај њуз.
Прегратката на Стармер со Зеленски беше порака до Белата куќа, тврди политичкиот уредник на Скај њуз, додека толпата се собра надвор од местото на настанот.
Имаше надеж за договор на почетокот на неделата, но тој целосно пропадна за само неколку непријатни минути во петокот.






