Зеколи: Губитниците од првиот изборен круг се О’Браен, Агелер, Гир со нивните „мачки во вреќа и половни коли“, а победи идејата на ВМРО ДПМНЕ!

„Губитниците од овој изборен круг се секако Џејмс O’Брајен,  Анџела Агелер, Дејвид Гир, кои по сите предупредувања за ‘мачки во вреќа и половни коли’ доживеаја болен пораз! Флертот на САД и ЕУ со периодични користења де на овој, де на оној национализам, на крај заврши со цементирање на национализмот како слика на САД и ЕУ како превртливи мешетари со нашите домашни најниски пориви.“ – вели поранешниот амбасадор и сега политички аналитичар Арсим Зеколи во својата колумна со наслов „Камшикот од блиску дојде“, која ја објави Дојче веле на македонски јазик..



Покрај другото, Зеколи натаму пишува: Најкусиот опис на вчерашните избори е дека победата речиси секогаш оди кај идејата. Можеме да попуваме и да мрчиме дека идејата на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ била националистичка, ваква, онаква, секаква, но тоа не ја менува битноста дека е сепак идеја. Дотолку повеќе кога соперничката страна се потпира на ликови и имиња, кои со самата појавност ја обесмислуваат ионака фалшливата идеја на ЕУ, или интеграциите.

Кога ликот Пендаровски за пет години владеење не знаеше и не сакаше да заземе конкретен став по конкретни предизвици за очекување е и гласачите соодветно да реагираат и да ја отсликаат неговата непостојаност и лабилност. Истото важи и за Таравари, кој по сите прелетувања од еден во друг табор, на крај со своето „шетање” ги принуди гласачите да се определат за компромитираниот, а сепак предвидлив Османи.

Дали победата на Силјановска е предвесник дека е извесно да се исполни желбата на ВМРО-ДПМНЕ за 61 пратеник? Бројките укажуваат дека тоа сценарио е реално, сега засилено и со предиспозицијата на „сончогледите” секогаш да бидат со победниците.

Целата колумна тука