Иако нема репрезенативно да се појави на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг Русија се надева дека ќе има голем број спортисти од оваа земја која беше казнета и суспендирана за настапот во Јужна Кореја од страна на ИОК. На 45 дена до почетокот на Игрите министерот за спорт Димитри Колобко изјави тие се подготвуваат за настап како да нема забрана.
„Вкупно 450 руски спортисти од кои 2017 се сигурни учесници се во полн ек од подготовките. Има време ќе видиме како се ќе се одвива“ рече Колобко.
Русите во Пјонгчанг според одлкуката на Интернационалниот олимписки комитет не одат под знаме и со обележја на својата земја. Зборнаја до сега има 15 учества во 22 изданија на Зимските игри, а на собирот во Сочи во 2014 година освои 20 медали, од тоа 9 златни и беше четврта најуспешна нација.