Старо-новата градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, една недела по победата на локалните избори се пофали на својот профил на „Фејсбук“ со десетиците букети цвеќе, покрај „илјадниците честитки“ од сите страни што ги добила.
„Тетово е веќе во сигурни раце. Промените ќе продолжат. Ви благодарам за вашите желби. Ти благодарам за сè, Тетово. Нема да се штедиме, ќе го дадеме најдоброто од себе за нашиот град да блеска. Задачата е наша. Моќта е ваша. Те сакам Тетово“, стои во пораката.
Потпретседателката на Демократска унија за интеграција во вториот круг победи со малку повеќе од илјада гласа во однос на лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами.





