Затвореничките во “Шутка” штрајкуваат со глад поради обвинета за тероризам

Во знак на солидарност со обвинетата за тероризам Елена Божиновска сите притворенички во затворот “Шутка” започнале штрајк со глад а болните одбиваат терапија.



“Елена од денеска стапи во штрајк со глад! Во знак на солидарност со Елена, сите притворенички во Затворот “Шутка” се приклучија на штрајкот со глад, а оние што примаат медицинска терапија нема истата да ја земаат понатаму! Бараат слобода за Елена, да се врати дома кај децата!
#СлободаЗаЕлена!”, пишува на Фан страната на вработената во Собранието која што е обвинета за тероризам во настаните од 27 април.