Околу 20.00 часот во с.Арачиново, по претходна расправија, едно лице синоќа од огнено оружје пукало кон Б.Р..



Синоќа околу 23.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека околу 20.30 часот кај нив со прострелна рана од огнено оружје бил донесен Б.Р.(19) од с.Арачиново, скопско.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Престрелка во Арачиново имаше и минатата недела кога повредено беше 24-годишно момче.