Идеален десерт за постудените денови.Со малку волја и време можете да подготвите совршено костен пире многу повкусно.
Потребни намирници :
-400 гр.костени
-2 лажици шеќер,
-40 мл рум,
-10 мл арома од ванила,
-шлаг 200 мл.

Подготовка :
Во лонче ставаме 100 мл вода во која додаваме 2 лажици шеќер, штом добиеме полуредок сируп го додаваме румот, аромата од ванила и вариме уште две три минутки со мешање. Лончето го тргаме на страна за смесата да се олади.
Сварените костени ги лупиме и потоа ги толчиме. Потоа ги полеваме со сирупот. Таквото костен пире го ставаме во чашки за сладолед и врз него додаваме шлаг и украсуваме со чоколадни трошки.





