Македонските власти не треба да се грижат за запаленото знаме на НАТО за време на говорот на генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг во македонското Собрание.
Вакви инциденти против НАТО организирани од невладини организации, политички партии, проруски елементи и антиглобалисти има и во други земји кои пристапувале или веќе биле членки велат дипломатски извори кои што го анализираат палењето на знамето на алијансата во Скопје.
Последен пат знамето на НАТО беше запалено во Подгорица во 2015 година.
Протестите во Скопје денеска беа организирани од партијата Левица и националната организација Македониум што за аналитичарите на НАТО може да говори за автентичен отпор на дел од јавноста а не за руски инсталации кои што можат да бидат опасни ако добијат масовна поддршка.

За нив е извесно дека НАТО инцидентот го доживува како дел од демократската атмосфера во која пацифистите и оние што се разочарани од грчката блокада имаат право да го искажат својот личен политички став.
Малиот број на демонстранти укажува дека и покрај разочарувањето кај дел од граѓаните сеуште најголем број од граѓаните се за влез во НАТО што е далеку поважно од симболичниот чин на палење знаме во кој учествувале десетици луѓе.




