Откако францускиот претседател Емануел Макрон на вчерашната конференција во Париз кажа дека не е исклучено испраќање француски копнени трупи во Украина, земји како Шведска, Германија, Чешка и Полска се оградија од неговата изјава.



Кремљ експресно реагираше на „опасната“ изјава на Макрон:

Ако Франција испрати трупи во Украина, НАТО ќе се судри со Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека иако Алијансата му пружила „невидена поддршка“ на Киев, „нема планови“ членките да испратат војници во Украина. Секоја одлука за испраќање војници ќе има потреба од едногласна поддршка од сите членки.

Словачкиот премиер Роберт Фицо, во контекст на ова изјави „не можам да кажам со каква цел и што треба да направат таму“, и додаде дека Словачка нема да испраќа свои војници во Украина.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска беше апсолутно недвосмислен истакнувајќи дека нема да има европски или НАТО војници на украинска територија.

„Уште еднаш во многу добра дискусија беше кажано дека тоа што беше договорено од самиот почеток меѓу нас важи и за во иднина. Имено, на украинска територија нема да има копнени сили или војници кои таму би биле испратени од Европски земји или членки на НАТО“, најави Шолц.