Откако ќе бидат исполнети условите за тоа, ќе продолжи расправата во парламентот за Законот за употреба на јазиците во трето читање.
Претседателот на Собранието Талат Џафери на вчерашната 32. седница ја одложи расправата за ЗУЈ, бидејќи сите поднесени амандмани треба да бидат преведени и на албански јазик.
Законот за употреба на јазиците, изгласан со 69 гласови од присутните 69 пратеници и во отсуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, беше усвоен на 11 јануари, но беше вратен во Собранието откако претседателот Ѓорѓе Иванов, одби да го потврди со потпишување уназ за Законот.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35.000 амандмани поврзани со забелешките што ги стави шефот на државата.
„Имајќи ја предвид формалната процедура за обработка на сите амандмани кои се 35.569 на број, тие не се довршени. И деловната обврска за превод не е исполнета, рече парламентарниот спикерТалат Џафери.





