Настапот како стартер на Стефан Ристовски во мечот со Маритимо го активира делот од договорот на Спортинг Лисабон со Риека, со кој Португалците им плаќаат на Хрватите 2 милиона и 250 илјади евра и стануваат сопственици на правата врз нашиот репрезенативец во следните три години.
Од Ристовски инаку се многу задоволни во Спортинг, па тренерот Жорге Жесус секаде го фали страничниот дефанзивец.





