Поранешниот лидер на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев се обрати на конференцијата „People Power Academy“ во Вирџинија, САД, во организација на невладината организација „Канвас“. Во обраќањето потсети, дека кога тој ги загубил изборите во 2021 си поднел оставка.
-Во септември 2021 година мојата партија ги загуби локалните избори и јас презедов целосна одговорност и поднесов оставка. Тоа е демократски, некој мора да преземе одговорност и да испрати порака дека политичарите мора да покажат одговорност“.
Тој во обраќањето се пофали дека Владата ги исполнила поставените цели
– Станавме членка на НАТО, за нас тоа значи безбедност и стабилност на овој мултиетнички Балкан, а втората цел беше почеток на преговори со ЕУ. Тоа за нас значи повеќе демократија, повеќе слобода, повеќе вредности што го очекуваа нашите граѓани, а ние продолжуваме во оваа насока.





